Достапни линкови

Законот за медиуми неприфатлив


Претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани.
Претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани.

ЗНМ, ССНМ, МИМ и Центарот за развој на медиуми ги доставија своите забелешки по предлог-законот за медиуми, кој за нив е неприфатлив, како што е предложен.

Предлог-законот за медиуми е во спротивност со Уставот и со европските стандарди и треба да се повлече, изјави претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани. ЗНМ заедно со Синдикатот на новинари и медиумски работници, МИМ и Центарот за развој на медиуми ги доставија своите забелешки по предлог законот за медиуми до подносителот на законот, Министерството за администрација и информатичко општество.
Ние тврдиме дека овој закон, не само што не ги решава проблемите на медиумите, туку ќе создаде и нови. Ние сега имаме добро законодавство, а знаете каква е состојбата со медиумите. Ако владата донесе ваков закон, ние тврдиме дека ситуацијата ќе се влоши. И гарантирам дека следната година, со ваков закон, Македонија уште повеќе ќе паѓа по индексот на слободата на изразување.
Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Медиумските организации забележуваат на речиси сите одредби, а најмногу на поставеноста на регулаторот, решенијата за Јавниот сервис, цензурата и дефинирањето на професијата новинар.
Илустрација.
Илустрација.

Селмани вели дека по спроведените дебати и консултации во фелата и со експертите за медиуми, дошле до заклучок дека овој предлог треба да се повлече, а владата да подготви измени и дополнувања на веќе постоечкиот закон за радиодифузна дејност во кој ќе се вградат европските директиви, а за сите други прашања отворено да се разговара.

„Ние тврдиме дека овој закон, не само што не ги решава проблемите на медиумите, туку ќе создаде и нови. Ние сега имаме добро законодавство, а знаете каква е состојбата со медиумите. Ако владата донесе ваков закон, ние тврдиме дека ситуацијата ќе се влоши. И гарантирам дека следната година, со ваков закон, Македонија уште повеќе ќе паѓа по индексот на слободата на изразување.“
Законот мислам дека во една своја димензија ќе го легализира она што сега дефакто во пракса се случува во медиумите, но се случува под закрилата на некои сомнителни релации и прашања, а сега тоа ќе биде легализирано според закон и владата нема да мора воопшто да бара оправдувања за силна, нескриена, политичка доминација врз медиумите и заплашување.
Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ.

Претседателката на Синдикатот на новинари и медиумски работници Тамара Чаусидис вели дека законот ќе воведе проблеми таму каде што ги нема, а не ги адресира клучните прашања во медиумската сфера кои причинуваат проблеми.

„Законот мислам дека во една своја димензија ќе го легализира она што сега дефакто во пракса се случува во медиумите, но се случува под закрилата на некои сомнителни релации и прашања, а сега тоа ќе биде легализирано според закон и владата нема да мора воопшто да бара оправдувања за силна, нескриена, политичка доминација врз медиумите и заплашување“, вели Чаусидис.
Билјана Петковска, директорка на МИМ.
Билјана Петковска, директорка на МИМ.

Предлог-законот со значителни интервенции може се подобри и да стане добра основа за регулирање на аудио-визуелниот сегмент од медиумскиот пазар, изјави Билјана Петковска, директор на Македонскиот институт за медиуми. Предлогот на МИМ е од текстот да се отстранат сите делови кои се однесуваат на интернет медиумите и на печатот, бараат суштински подобрување во структурата на Агенцијата за регулација, како и во изборот на Советот на јавниот сервис и велат дека е проблематичен членот кој се однесува на стандардите во поглед на цензурата.
Сметаме дека државата треба да достави посериозна, потемелна анализа за влијанието на овој закон врз различни аспекти од општеството и тоа јавно да го објави, бидејќи во самите документи објавени на интернет страницата на Министерството нема суштинска анализа како овој закон ќе влијае на различните аспекти коишто ги тангира.
Билјана Петковска, директорка на МИМ.

„Сметаме дека државата треба да достави посериозна, потемелна анализа за влијанието на овој закон врз различни аспекти од општеството и тоа јавно да го објави, бидејќи во самите документи објавени на интернет страницата на Министерството нема суштинска анализа како овој закон ќе влијае на различните аспекти коишто ги тангира.“

Претседателот на ЗНМ се надева дека Владата ќе има разбирање и ќе ги слушне нивните забелешки.

„Тие може да одат со глава во ѕид и со сила да го донесат законот, но мора да бидат свесни дека целата одговорност ќе биде нивна“, вели Селмани.

Состојбата со медиумите во земјава, се дел и од забелешките на ЕУ и една од задачите на кои треба да поработи владата на нејзиниот пат кон Унијата.

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, кој ќе оди на турнеја за убедување на членките на ЕУ за добивање датум за преговори пред самитот во јуни, брифираше дека како аргумент дека има подобрување во тоа сфера ќе го користи тоа што расправата за предлог-закон за медиуми е продолжена за два месеци. По реакцијата на новинари дека тоа е далеку од аргумент дека работите со медиумите тргнале на подобро, тој кусо одговори дека и да има само еден аргумент од десет, ќе мора да го користи тој.

На 6 јуни повторно ќе има дебата посветена на законот, на која е најавено учеството на експертот кој е ангажиран од Совет на Европа да направи експертиза за законот.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG