Достапни линкови

Нов граничен премин со Албанија


Отворен нов граничен премин Требиште-Џепиште на македонско-албанската граница.
Отворен нов граничен премин Требиште-Џепиште на македонско-албанската граница.

Новиот граничен премин Џепиште-Требиште на македонско-албанската граница ќе значи нов живот за Македонците од Голо Брдо и подобрување на контактите со матичната држава.

За Македонците од областа Голо Брдо во Албанија отворањето на новиот граничен премин Џепиште-Требиште, што неодамна официјално го пуштија во употреба албанскиот и македонскиот министер за внатрешни работи, ќе значи нов живот и подобрување на контактите со матичната држава. Велат дека досега за да стигнат до Македонија требало да поминат 80 километри за да дојдат до граничниот премин Блато. Сега до Дебар ги делат само 15 километри. Со зурли и со тапани го прославија отворањето на преминот.
Преминот ќе значи многу за нас локалните жители. Имаме пријатели на другата страна, некои ќе одат поради болест бидејќи овде немаме болница. За тоа ни треба граничниот премин. Досега одевме до преминот Блато и ни беше потребно време од 8 часа.
Анкетиран Македонец од Голо Брдо.

„Преминот ќе значи многу за нас локалните жители. Имаме пријатели на другата страна, некои ќе одат поради болест бидејќи овде немаме болница. За тоа ни треба граничниот премин. Досега одевме до преминот Блато и ни беше потребно време од 8 часа.“

„Ова е најубава работа што се направи за сите кои живеат на двете страни. Ова е добро и за едната и за другата страна. Ова е одлична работа за интеграција на двете земји“, велат Македонците во Албанија.

„Со ова ќе се сменат многу работи. Во текот на зимата во нашиот крај патиштата се блокираа, не можевме да одиме до Македонија. По шест месеци бевме блокирани. Сега со ова ќе можеме слободно да си пазариме во Дебар“, велат Македонците.
Со ова ќе се спречи процесот на миграција на Македонците во внатрешноста на Албанија. Тој процес на миграција значи асимилација на Македонците од Требиште и Голо Брдо, бидејќи ако се оди во албански средини ќе немаат право да учат на македонски јазик.
Васил Стерјоски, партија на Македонците во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција.

Васил Стерјоски од партијата на Македонците во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција, рече дека ова е најдоброто нешто што можеше да им се случи на Македонците.

„Со ова ќе се спречи процесот на миграција на Македонците во внатрешноста на Албанија. Тој процес на миграција значи асимилација на Македонците од Требиште и Голо Брдо, бидејќи ако се оди во албански средини ќе немаат право да учат на македонски јазик. Ќе се подобри со ова животот на Македонците во Требиште бидејќи најосновните работи како што се пазарење, размена на стоки, ќе се одвиваат со Македонија“, вели Стерјовски.

Граничниот премин ќе функционира како заеднички меѓу Македонија и Албанија, а на едно место ќе се вршат и потребните формалности. Тоа ќе го прават заедно полициски службеници од двете страни.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска рече дека отворањето на преминот било долгогодишно барање на жителите од двете страни на границата.

„Убедени сме дека отворањето на овој граничен премин ќе им го олесни животот на граѓаните од овој регион. Ваквиот систем на заедничка гранична контрола е показател за добрата соработка помеѓу полициите на двете земји“, рече Јанкулоска.

Албанскиот министер Фламур Нока рече дека на овој регион со ова ќе му се овозможи да се развива побрзо отколку досега.
XS
SM
MD
LG