Достапни линкови

Попоски - значајно е што Косово стана полноправен учесник во РСС.


Вклученост на сите и отворен дијалог меѓу земјите во регионот, е пораката која денеска од Охрид ја упатија учесниците на 5 - иот состанок на Регионалниот совет за соработка, со кој ко-претседаваат министерот за надворешни работи Никола Попоски, како актуелен претседавач со Процесот за соработка на Југоисточна Европа и генералниот секретар Горан Свилановиќ. Попоски смета дека значајно за македонското претседавање со Процесот на соработка на Југоисточна Европа е што и Косово стана полноправен учесник во Регионалниот Совет за Соработка.
XS
SM
MD
LG