Достапни линкови

Асад - другиот дел од С - 300 ќе биде наскоро испорачан во Сирија


Сирискиот Претседател Башар ал Асад за либанската телевизија Ал Манар изјави дека Дамаск ја примил првата пратка од рускиот воздушен одбранбен систем. Оваа телевизија е блиска на Хезболах чии борци се на страната на сирискиот режим. Според Асад, остатокот од С – 300 ракетите ќе пристигнел наскоро. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја обвини сириската опозиција дека им наштетува на мировните напори со условот дека Асад мора да замине за да се одржи мировната конференција. САД пак го повикаа либански Хезболах веднаш да ги повлече своите борци од Сирија.
XS
SM
MD
LG