Достапни линкови

Годишен состанок на Регионалниот совет за соработка на ЈИЕ во Охрид


Во рамки на македонското претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа денеска во Охрид ќе се одржи Петтиот годишен состанок на Регионалниот Совет за соработка. Со состанокот ќе копретседаваат министерот за надворешни работи Никола Попоски, како актуелен претседавач со Процесот за соработка на Југоисточна Европа и генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ. Се очекува на состанокот да бидат разменети мислења во врска со развојот на регионалната соработка и актуелните состојби во регионот на ЈИЕ, а воедно предвидена е и презентација и одобрување на Годишниот извештај на Генералниот секретар на РСС за периодот од 15 мај 2012 до 25 април 2013. Во рамки на состанокот ќе биде презентирана и тригодишната Стратегија и Работна програма на РСС за периодот 2014 – 2016.
XS
SM
MD
LG