Достапни линкови

ЕУ вознемирена од политичката ситуација во Албанија


Кетрин Ештон

Кетрин Ештон

Европската Унија изрази вознемиреност заради тензиите предизвикани од политичката клима во Албанија пред парламентарните избори закажани за 23 јуни. Како што пренесоа албанските медиуми Високиот комесар за надворешна политика Кетрин Ештон упатила повик да се избегнува националистичка реторика и потсетува дека државата е членка на НАТО. Ештон очекува власта и опозицијата во Албанија да соработуваат.
XS
SM
MD
LG