Достапни линкови

Канада ќе ги прекине трговските односи со Иран


Џон Берд

Џон Берд

Канада соопшти дека ќе ги прекине трговските односи со Иран поради нуклеарната програма на Техеран и непочитувањето на човековите права. Министерот за надворешни работи на Канада Џон Берд изјави дека Отава е особено загрижена по неуспехот на Нуклеарната агенција на Обединетите нации овој месец да го убеди Иран да ја продолжи истрагата за осомниченото нуклеарно оружје. Минатиот септември, Канада ги прекина дипломатските односи со Техеран, нарекувајќи го Иран најголемата закана за глобалната безбедност. Таа веќе воведе серија на трговски санкции врз Иран.
XS
SM
MD
LG