Достапни линкови

logo-print

Денеска пресуда за Станишиќ и Симатовиќ


Хашкиот трибунал денеска треба да ја изрече пресудата на поранешниот шеф на Службата за државна безбедност Јовица Станишиќ и неговиот помошник Франк Симатовиќ, обвинети за злосторство на несрпски цивили во Хрватска и Босна и Херцеговина. Двајцата се теретат за прогон, убиства, депортација и насилно преместување на хрватски и муслимански цивили. Тие кривични дела и обвинувања се квалификувани како злосторства против човештвото и кршење на законите и правилата на војување. Во завршниот говор во јануари годинава, обвинителството побара на Станишиќ и на Симатовиќ да им биде изречена доживотна казна затвор.
XS
SM
MD
LG