Достапни линкови

Новороденчето во канализациската цевка е несреќен случај


Кинеските власти заклучиле дека случајот со новороденчето кое беше пронајдено во канализациска цевка во источна Кина е несреќен случај. Тие соопштија дека нема да има кривични пријави против мајката. Бебето било пуштено од болницата и за него се грижи мајката и човек кој тврдел дека е негов татко. Неименуваната жена тајно се породила во тоалет во станбена зграда. Таа подоцна тврдеше дека бебето случајно се лизнало во канализацијата.
XS
SM
MD
LG