Достапни линкови

Обвинетиот за убиство на авганистански цивили се прогласи за виновен


Американски војник обвинет за убиство на 16 авганистански цивили се согласи да се изјасни за виновен за да избегне смртна казна. Роберт Бејлс е обвинет за пукање во селани, претежно во жени и деца во нападот врз населени места во провинцијата Кандахар во март 2012 година. Еден од неговите адвокати соопшти дека тој ќе се изјасни за виновен за убиство со предумисла, а потоа ќе му суди воена комисија која треба да одлучи дали доживотната казна затвор може да вклучи и можност за помилување.
Убиствата предизвикаа големи протести во Авганистан, принудувајќи ја американската војска привремено да ги запре борбените операции во Авганистан.
Бранителите тврдат дека Бејлс страда од пост-трауматски стрес и повреди на мозокот дури и пред неговото распоредување во Авганистан.
XS
SM
MD
LG