Достапни линкови

Осомничениот за убиството на британскиот војник во суд


Во Лондон треба да се одржи судењето на еден од двајцата осомничени за убиството на британскиот војник Ли Ригби, кој беше убиен среде бел ден минатата недела во Лондон. Полицијата соопшти дека Мајкл Адебовл е обвинет за убиството на Ригби како и за поседување на пиштол. Војникот бил удрен од автомобил, а потоа прободен со нож од двајца мажи во близина на неговиот касарната во југоисточниот дел на Лондон. Грозоморните слики кои се појавија по нападите покажаа дека двајцата мажи користеле крвави ножеви и секири за месо.
И двајцата беа ранети од страна на полицијата.
Вториот осомничен е во болница и е во стабилна здравствена состојба.
XS
SM
MD
LG