Достапни линкови

logo-print

Ахмети на средба со Волерс и Батлер


Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во американската амбасада во Скопје имал средба со Лоренс Батлер, заменик командант на американските сили за Европа и со Пол Волерс американски амбасадор во Македонија. Од ДУИ е соопштено дека соговорниците се согласиле околу потребата за решавање на прашањето со името за да се отвори патот на Македонија кон зачленување во НАТО и добивање датум за преговори со ЕУ. Притоа, Ахмети уште еднаш ги поканил САД, заедно со семјите членки на ЕУ, да го олеснат процесот на изнаоѓање решение за спорот со името.
XS
SM
MD
LG