Достапни линкови

Иванов го откажа Самитот откако остана сам


Претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот Ѓорге Иванов.

Самитот на шефови на држави и влади на земјите учеснички на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и Форумот на Дијалогот меѓу цивилациите што викендов требаше да се одржи во Охрид и Струга, се откажуваат.

Државниот интерес и достоинството на Република Македонија немаат цена, изјави шефот на македонската дипломатија Ѓорге Иванов соопштувајќи ја одлуката дека го откажува Самитот на шефовите на држави и влади на земјите учеснички на процесот за соработка во Југоисточна Европа, кој викендов требаше да се одржи во Охрид.
За жал старите балкански предрасуди и комплекси повторно заживеаја во пресрет на Самитот. Нема да дозволам преку грбот на Македонија да се прекршуваат старите балкански предрасуди, и да се поткусуруваат интересите на балканските држави, а цената да ја плаќа Македонија.

„За жал старите балкански предрасуди и комплекси повторно заживеаја во пресрет на Самитот. Нема да дозволам преку грбот на Македонија да се прекршуваат старите балкански предрасуди, и да се поткусуруваат интересите на балканските држави, а цената да ја плаќа Македонија“, изјави Иванов.
Претседателот Ѓорге Иванов минатата година учествуваше на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Белград.

Претседателот Ѓорге Иванов минатата година учествуваше на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Белград.


Претседателот рече дека Република Македонија постапила целосно во согласност со основачките документи и правила, однесувајќи се како одговорен претседавач со Процесот за соработка во југоисточна Европа и Форум на Дијалогот меѓу цивилизациите.

„Македонија не сака да биде набљудувач, уште помалку учесник во игрите со вета.Македонија не сака да биде набљудувач, уште помалку учесник во игрите со бојкоти.“

Се надевам дека час поскоро ќе имаме еден поинаков Балкан, поевропски, рече македонскиот претседател и додаде дека потребно ни е и партнерството на Европската Унија, за која како што рече ова треба да биде јасен сигнал кој ја отсликува реалноста во нашиот регион.

„Оваа одлука ја донесов и за да не се манипулираат граѓаните на Република Македонија, како и граѓаните на сите држави од регионот. Конечно дојде денот кога некој треба отворено да признае дека регионалната соработка е исправена пред сериозен, крупен предизвик“, изјави Иванов.

Претходно учеството на самитот го откажа албанскиот претседател Бујар Нишани, поради фактот дека на самитот не е поканета косовската претседателка. Своето отсуство го најавија и бугарскиот и грчкиот претседател, а во меѓувреме учество откажа и хрватскиот претседател.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG