Достапни линкови

Протест против новиот закон за абортус


Протести против ограничувањето на правото за абортус пред Собранието, кое по скратена постапка треба да се произнесе по владиниот предлог-закон за прекинување на бременоста.

Мое тело – мој избор. Под овој слоган се протестира против новиот предлог закон за прекинување на бременоста. Граѓанските организации, активистите и дел од граѓаните сметаат дека со предложената легислатива се брише досегашната определба за слободен избор на жената за прекин на бременоста. Извршниот директор на невладината „Хера“ Бојан Јовановски вели дека законот не треба да се носи по скратена постапка
Формирањето на комисија во здравствената установа од страна на министерот дополнително ќе ја бирократизира и ќе ја отежне процедурата за жената која поднела барање, а индиректно министерот ќе биде во улога на одлучувач дали на жената ќе и се одобри барањето или не. Се прашуваме дали професионалците, лекарите беа консултирани во процесот на донесување на овој закон.

„Предлог-законот за прекинување на бременоста ја укинува, брише досегашната одредба за слободен избор на жената за прекин на бременоста во десетата гестациска недела преку воведување на рестрикциски механизми кои не се базирани на научни сознанија и медицина базирана на докази, ниту се во согласност со постоечките медицински протоколи на Светската здравствена организација“, вели Јовановски.
Анти-абортус кампања во Скопје во 2010 година.

Анти-абортус кампања во Скопје во 2010 година.


Дополнително се забележува на противречности во членовите на самиот закон, како и повреди на уставот меѓународните договори и слободните права. Претставникот на граѓанскиот сектор Неда Коруновска го поставува прашањето дали медицинската фела била консултирана за ваквото решение?
Да не дозволиме некој да не претвора во туѓа своина, да не дозволиме некој да не става во законска рамка, да не дозволиме некој со закон да ни определува како ние ќе се однесуваме кон своето тело.

„Формирањето на комисија во здравствената установа од страна на министерот дополнително ќе ја бирократизира и ќе ја отежне процедурата за жената која поднела барање, а индиректно министерот ќе биде во улога на одлучувач дали на жената ќе и се одобри барањето или не. Се прашуваме дали професионалците, лекарите беа консултирани во процесот на донесување на овој закон.“

Високите парични казни и мерката затвор која се предвидува со предложеното законско решение, според граѓанските организации, не соодветствуваат со казните при изведување на други медицински интервенции.

Во Собранието не поминаа неколку предлози за отстранување на предлог-легислативата од дневниот ред. Пратеничката на СДСМ Цветанка Иванова повика да се гласа против, во интерес на човековите права.

„Да не дозволиме некој да не претвора во туѓа своина, да не дозволиме некој да не става во законска рамка, да не дозволиме некој со закон да ни определува како ние ќе се однесуваме кон своето тело.“

Одговорот на мнозинството на неколкуте предлози за отстранување на предлогот од дневниот ред беше ист.

„По предлогот вкупно гласаа 75, за гласаа 19, воздржани нема, против 56, констатирам дека предлогот не е усвоен“, рече претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Со Предлог-законот за прекинување на бременост воопшто не се забранува абортусот во Македонија, ниту на кој било начин се ограничува правото на избор на жената, туку само се менуваат некои идеолошки одредби, рече министерот за здравство, Никола Тодоров.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG