Достапни линкови

Откажани претседателските самити во Охрид и Струга


претседателот на Македонија Ѓеорге Иванов

претседателот на Македонија Ѓеорге Иванов

Самитот на шефови на држави и влади на земјите учеснички на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и Форумот на Дијалогот меѓу цивилациите што викендов требаше да се одржи во Охрид и Струга, се откажуваат. Ова денеска го соопшти претседателот на Македонија Ѓеорге Иванов. „За жал старите балкански предрасуди и комплекси повторно заживеаја во пресрет на Самитот. Нема да дозволам преку грбот на Македонија да се прекршуваат старите балкански предрасуди и да се поткусуруваат интересите на балканските држави, а цената да ја плаќа Македонија“, изјави Иванов. Претходно беше јавено дека претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ го откажа учеството на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Охрид. Учеството на на самитот вчера го откажа и претседателот на Албанија поради тоа што на собирот не е поканета претседателката на Косово Атифете Јахјага.
XS
SM
MD
LG