Достапни линкови

logo-print

Собранието ги изгласа измените во владиниот кабинет


Собранието на Македонија денеска го прифати предлогот на Владата за именување нови министри за образование и за труд и социјална политика, како и за назначување нов министер без ресор. Со Министерството за образование и наука отсега ќе раководи досегашниот министер за труд и социјална политика Спиро Ристовски, а на негово место во Министерството за труд и социјална политика доаѓа Диме Спасов, кој досега ја извршуваше директорката функција во скопскиот Катастар. За нов министер без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции е назначен Џери Наумоф.
XS
SM
MD
LG