Достапни линкови

Владин рингишпил


Прес-конференција на Владата на Република Македонија. 10 април 2013.

Прес-конференција на Владата на Република Македонија. 10 април 2013.

За опозициските партии мини реконструкцијата во владата е прикривање на сите досегашни неуспеси. За партиите од власта, промените во владата се можност за поефикасно спроведување на владините политики.

Целта на мини реконструкцијата во владата е прикривање на сите неуспеси и да се покаже дека постојано се случуваат промени кои се во функција на интересот на граѓаните. Ова е коментарот на опозициските партии за промените во владата со кои за нов министер за образование и наука по оставката на Панче Кралев е назначен Спиро Ристовски кој досега беше министер за труд и социјална политика.
Преовладува дека нешто постојано се менува, а впрочем едни исти луѓе ротираат од едни на други места и тоа речиси на исти одговорни функции. За мене тоа не покажува некакво покајание од страна на власта за сите грешки претходно, туку исклучиво е за замајување на јавноста.

Претставници на СДСМ исткнуваат дека промените во владата не се ниту можност за кадровко освежување. Постојано се ротираат исти кадри на различни позиции нагласува Зоран Заев.

„Преовладува дека нешто постојано се менува, а впрочем едни исти луѓе ротираат од едни на други места и тоа речиси на исти одговорни функции. За мене тоа не покажува некакво покајание од страна на власта за сите грешки претходно, туку исклучиво е за замајување на јавноста.“
Спиро Ристовски, министер.

Спиро Ристовски, министер.


Диме Спасов е нов министер за труд и социјална политика. Тој досега беше директор на скопскиот Катастар. За нов министер без ресор е изгласан Џери Наумоф, додека на испразнетото заменичко-министерско место во локална самоуправа Ѓорѓија Сајкоски. Заменик - министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски
Некој се повлекува од лични, од други причини, или поради најава за преземање на други должности, но за секој сличај новите луѓе носат и промени. Очекуваме дека невладиниот тим ќе функционира и натаму како и досега, можеби во некои сегменти и ресори и поефикасно.
неодамна беше избран за советник во Општина Карпош, а потоа и за претседател на Советот на Општината.

Павле Трајанов од Демократскиот Сојуз истакнува дека промените во владата се можност за поефикасно спроведување на владините политики и дека истите се резултат на следењето на работата на министерствата.

„Некој се повлекува од лични, од други причини, или поради најава за преземање на други должности, но за секој сличај новите луѓе носат и промени. Очекуваме дека невладиниот тим ќе функционира и натаму како и досега, можеби во некои сегменти и ресори и поефикасно.“

Тито Петковски од НСДП мисли поинаку. Воопшто не станува збор за реформи. Не може да биде реформа министер за труд и социјална политика кој има за разлика од другите ресори видлив резултат да го ротирате на место за коешто досегашниот министер ја напушта функцијата само поради несоодветен третман на стандардите на ЕУ, вели Петковски. Владата признава дека нема реформи во сферата на образованието и сега кога малку отпорот беше поголем поради екстерното тестирање ги врши промените, додава Петковски.

„На секој шест месеци врши промена на закони во сите сфери. Законот за високо образование, законот за основно образование, јас не можам да се сетам на некој закон кој оставил подлабоки траги во системот на образованието.“

Инаку пратениците од опозцијата реагираа дека во пресрет на денешната седница на Собранието на Република Македонија, на чиј дневен ред, меѓу другите беше Предлогот за избор на членови на Владата на Република Македонија им пристигнале нови измени на неколку закони.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG