Достапни линкови

Собрание - избор на нови членови на владата


Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи шеесет и втората седница, на чиј дневен ред, меѓу другите, е Предлогот за избор на членови на Владата на Република Македонија.

За нов министер за образование и наука, по оставката на Панче Кралев, е предложен Спиро Ристовски, кој досега беше министер за труд и социјална политика.

Диме Спасов е предложен за нов министер за труд и социјална политика. Тој во моментот е актуелен директор на скопскиот Катастар.

За нов министер без ресор е предложен Џери Наумоф, додека на испразнетото заменичко-министерско место во локална самоуправа Ѓорѓија Сајкоски.

Заменик- министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски неодамна беше избран за советник во Општина Карпош, а потоа и за претседател на Советот на Општината.
XS
SM
MD
LG