Достапни линкови

logo-print

САД-Русија: нови недоразбирања околу Сирија


САД и Русија повторно се во расправија околу сириската криза, овојпат поради одлуката на ЕУ да не го обнови ембаргото за снабдување со оружје на сириските бунтовници.
Портпаролот на Белата Куќа Џеј Карни го поздрави потегот на ЕУ, но истакна дека САД немаат план за вооружување на опозицијата. Карни исто така ја осуди Русија поради нејзиниот трансфер на оружје за сириската влада, додавајќи дека тоа нема да ги приближи завојуваните страни кон политичко решение.
Русија претходно го нарече потегот на ЕУ нелегитимен, нагласувајќи оти тоа ги поткопува напорите за свикување меѓународна мировна конференција, коспонзорирана од САД и Русија. Москва исто така ја бранеше својата одлука да и испорача на сириската влада противвоздушни ракети С-300, додавајќи оти тоа ќе помогне за одвраќање на каква било странска воена интервенција.
XS
SM
MD
LG