Достапни линкови

ОН: нацрт-резолуција со осуда за присуството на Хезболах во Сирија


Највисокото тело на ОН за човекови права денеска се очекува да расправа за нацрт-резолуција која го осудува сирискиот режим за користење на борците на либански Хезболах во војната против бунтовниците. Резолуцијата, предложена од САД, Турција и од Катар, предупредува дека присуството на странски борци во Сирија претставува сериозна закана за регионалната стабилност.
Проиранските милитанти на Хезболах овој месец се бореа заедно со силите на сирискиот режим во офанзивата за преземање на контролата врз стратегискиот град Кусаир, во близина на либанската граница.
Нацрт резолуцијата исто така ги повикува сириските власти да дозволат слободен и непречен пристап за ОН и хуманитарните агенции до сите цивили изложени на насилство.
XS
SM
MD
LG