Достапни линкови

Обама и Џинпинг ќе разговараат за сајбер-шпионажата


Белата Куќа соопшти дека претседателот Барак Обама ќе разговара за сајбер-шпионажата со својот кинески колега Кси Џинпинг, за време на нивната средба во идната недела во Калифорнија. Ова соопштение доаѓа по американските извештаи, меѓу кои и на „Вашингтон Пост“, во кои официјални лица велат дека кинески компјутерски хакери најверојатно имале пристап до нацртите на неколку големи американски оружени системи. Според извештаите, станува збор за нацрти за борбени авиони и бродови, како и за ракетната одбрана во Европа, Азија и во Заливот.
Пентагон подоцна издаде соопштение во кое се вели дека е погрешно да се сугерира оти американски воени капацитети или технолошки достигнувања биле нарушени од хакирањата.
Во извештајот до Конгресот, претходно овој месец, Пентагон ја обвини кинеската влада и армија дека преземаат операции за сајбер-шпионажа.
XS
SM
MD
LG