Достапни линкови

Пакистан: суспендирана вакцинацијата против детска парализа


Пакистанските власти ја суспендираа програмата поддржана од ОН за вакцинација против детска парализа во северозападен Пакистан, по нападот на вооружени лица врз две работнички од програмата, при што една беше убиена, а другата ранета. Официјални лица соопштија дека кампањата за вакцинација во предградијата на Пешавар, каде што вчера се случил нападот, е суспендирана. Инцидентот се случил непосредно по почетокот на тридневната кампања.
Засега никој не ја презел одгвоорноста за нападот.
Вакви инциденти се чести во Пакистан, затоа што некои милитанти сметаат дека работниците од овие програми шпионираат во корист на САД и оти вакцините само им штетат на муслиманските деца.
XS
SM
MD
LG