Достапни линкови

Продолжуваат насилствата во Ирак- вчера 15 загинати


Во нападите во централен и северен Ирак вчера загинале најмалку 15, а биле ранети 35 лица. Овие напади доаѓаат еден ден по загинувањето на повеќе од 70 луѓе во бранот експлозии на бомби главно во шиитските области на Багдад. Најкрвавиот напад вчера се случил во Садр Сити, шиитски град во близина на Багдад, во кој загинаа 5 лица, а најмалку 26 беа ранети.
Во земјата од почетокот на годинава се случија многу насилства, што го зголеми страхувањето дека ќе се обноват секташките насилства, во кои загинаа илјадници луѓе во 2006 и 2007 година.
Ирачката влада вчера најави серија мерки за запирање на насилствата. Претставникот на ОН во Ирак Мартин Коблер ги повика ирачките лидери да започнат дијалог за крај на насилствата.
XS
SM
MD
LG