Достапни линкови

Косовскиот Парламент ќе расправа за состојбата во Прешевската Долина


Собрание на Косово

Собрание на Косово

Косовскиот Парламент во петок ќе расправа за состојбата и правата на Албанците во општините Прешево, Медвеѓа и Бујановац во јужна Србија, реши денеска собраниското Претседателство врз основа на барањето на пратеникот Лутфи Хазири, подржано од 20 други пратеници.

„Целта на оваа дебата е Парламентот, како највисок уставен орган во Косово, да распарава за граѓанските права на Албанците од Прешевската Долина и за нивното иселување во Косово“, изјави Хазири.

Како што јави МИА, пратеникот Хазири предлага косовското Собрание да усвои и „Резолуција за поддршка на Албанците во Прешевската Долина“.
XS
SM
MD
LG