Достапни линкови

ЕУ би сакала и Косово да учествува на самитот на ПСЈИЕ


Европската унија би сакала и Косово да учествува на Самитот на Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа на 1 јуни во Охрид, изјави денеска за Танјуг шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Венсан Дежер.

„Во името на евопскиот дух, во вака позитивен момент на постигнатиот договор за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово би сакале да видиме дека Косово исто така е вклучено, бидејќи ПСЈИЕ на одреден начин дава политичка насока на регионалната соработка„, истакна Дежер

Српското Министерство за надворешни работи вчера објави дека Косово не е покането на Самитот во Охрид на барање на Србија и две други земји-членки на ПСЈИЕ, кои се повикуваат на статутот на организацијата што предвидува на Самитот да учествуваат единствено суверени и признати држави.
XS
SM
MD
LG