Достапни линкови

Орав: може многу да се направи до самитот на ЕУ


Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и евроамбасадорот Аиво Орав

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и евроамбасадорот Аиво Орав

Амбасадорот на Европската унија Аиво Орав денеска во Штип изрази оптимизам за претстојниот самит на Европската унија, на кој ќе се разгледува дали на Македонија ќе и биде доделен датум за преговори. „Ние во Европската унија не зборуваме за блокади, ниту за вето, ние зборуваме за консензус. Постигнувањето на консензус е важно за секоја земја. Ни преостанува уште еден месец пред состанокот на Советот на Европската унија и мислам дека се уште можеме да направиме многу. Навистина се надевам дека ќе се постигне консензус на крајот на јуни, што ќе биде задоволителен и за вашата земја и за 27 земји членки на ЕУ“, рече Орав. Тој заедно со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и со амбасадорите на Холандија, Италија, Словачка, Франција и Грција денеска престојуваа во Штип.
XS
SM
MD
LG