Достапни линкови

Спиро Ристовски нов министер за образование


Спиро Ристовски

Спиро Ристовски

Министерот за образование и наука Панче Кралев поднесе оставка на функцијата, а премиерот Никола Груевски до Собранието достави предлог нов прв човек во ресорот да биде Спиро Ристовски, кој досега беше министер за труд и социјална политика. Кралев во оставката до премиерот Груевски наведува дека од лични и семејни причини не е во можност целосно посветено да ги реализира проектите кои се планирани за следниот период. Диме Спасов е предложен за нов министер за труд и социјална политика. Тој во моментот е актуелен директор на скопскиот Катастар. За нов министер без ресор е предложен Џери Наумоф, додека на испразнетото заменичко-министерско место во локална самоуправа Ѓорѓија Сајкоски. Предлогот на премиерот за избор на новите министри ќе биде ставен на утрешната седница на Собранието, како дополнување на дневниот ред.
XS
SM
MD
LG