Достапни линкови

Колку македонски државјани се борат во Сирија?


Илустрација: Бунтовници во Сирија.

Илустрација: Бунтовници во Сирија.

Загина првиот македонски државјанин во конфликтот во Сирија. Институциите немаат податоци колумина македонски државјани се борат во сирискиот конфликт.

Гостиварец загинал во борбите во Сирија, јавува порталот „Алмакос“ на албански јазик. Според нивните информации, тој се борел на страната на бунтовниците против режимот на Башар ал-Асад и тоа е првиот доброволец од земјава кој загина на тоа боиште.
Тоа се многу редок број на авантуристи, како што на времето беше формирана Легија на странците во Франција. Значи од такви побуди може да се јават авантуристи или пак ловци на пари кои заминуваат исклучително за таква функција да се борат за одредена страна, значи без мотив, единствено само економскиот момент, кој ќе им плати повеќе, но тие се многу мал број на случаи.

Во министерствата за надворешни и внатрешни работи велат дека немаат информација за такво нешто.
Владините сили во Сирија.

Владините сили во Сирија.


Според сториите кои што ги објавија албанските и косовските медиуми во изминативе два месеци, повикувајќи се на разузнавачки извори, во Сирија на страната на бунтовниците се борат 140 албански борци кои доаѓаат од Косово, Албанија, Македонија, Србија и Црна Гора.

За ваквите податоци, во министерството за внатрешни работи велат дека не сакаат да шпекулираат, затоа што станува збор за оперативни сознанија. Во министерството за надворешни работи велат дека не може да располагаат со точен податок колку државјани на Македонија се заминати во Сирија затоа што досега немале своја амбасада таму.
За жал јас лично познавам Македонци кои што биле во специјалните единици и коишто се наоѓаат во очајна ситуација, а дел од нив се деградирани и работат во полиција или во армија за 300 до 400 евра и знам дека тие за еден добар паричен надоместок би заминале на кое било боиште во светот. Буквално за пари, без да размислува за политика или религија.

Поранешниот прв разузнавач и професор Владимир Пивоваров вели дека ако се направи ретроспектива на случувањата во последната деценија на Балканот, по религиска основа од Блискиот Исток доаѓаа луѓе кои доброволно се бореа во граѓанските војни, па затоа и не се исклучува можноста, луѓе од овде да се чувствуваат должни и да заминат во Сирија да се борат. Тој вели дека покрај религиската солидарност постојат и други мотиви поради кои борци од земјава би можело да се борат на страна на опозиционерите во Сирија.

„Тоа се многу редок број на авантуристи, како што на времето беше формирана Легија на странците во Франција. Значи од такви побуди може да се јават авантуристи или пак ловци на пари кои заминуваат исклучително за таква функција да се борат за одредена страна, значи без мотив, единствено само економскиот момент, кој ќе им плати повеќе, но тие се многу мал број на случаи.“

Тој додава дека бројот на таквите лица во јавноста не може да биде познат, но верува дека разузнавачките служби контролираат кој и каде заминува затоа што станува збор за опасни дејствија.
Станува збор за исклучена дијаспора, во смисла на тоа пред 100 години се развивала со свој текст, таму многу од нив се веќе арабизирани, но се препознаваат по местата на живеење во Алепо и Дамаск каде што нивните маала и презимиња се Арнаут или Албани по нивната етничка припадност.

Лидерот на политичката партија Достоинство Стојанче Ангелов, кој има искуство во обезбедување на бродови во Сомалија, вели дека припадници на безбедносни сили од македонска националност нема во Сирија, додека во Ирак и Авганистан тие работат најчесто во агенции за обезбедување.

„За жал јас лично познавам Македонци кои што биле во специјалните единици и коишто се наоѓаат во очајна ситуација, а дел од нив се деградирани и работат во полиција или во армија за 300 до 400 евра и знам дека тие за еден добар паричен надоместок би заминале на кое било боиште во светот. Буквално за пари, без да размислува за политика или религија.“

Неофицијално, луѓето кои заминуваат на странските боишта тоа го прават за 10 до 15 илајди долари месечно.

Аналитичарот Рамадан Рамадани вели дека покрај верската и човечката солидарност поради геноцидот кој се врши врз сунитските муслимани, еден од мотивите заради кои Албанците од регионов би заминале во Сирија е етничката солидарност затоа што во Алепо и во Дамаск постои стара албанска дијаспора.

„Станува збор за исклучена дијаспора, во смисла на тоа пред 100 години се развивала со свој текст, таму многу од нив се веќе арабизирани, но се препознаваат по местата на живеење во Алепо и Дамаск каде што нивните маала и презимиња се Арнаут или Албани по нивната етничка припадност.“

Во регионов пред три месеци дел од српските медиуми објавија дека младо момче од село близу Бујановац, во јужна Србија загинало во борбите во Сирија. Босанските медиуми минатата година, повикувајќи се на разузнавачки податоци, објавија дека најмалку 50-тина нивни државјани се бореле на страната на бунтовниците, но досега ниту еден не загинал.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG