Достапни линкови

Во Охрид заврши собирот на претседатели на парламентите на ЈИЕ


Започнува процесот за воспоставување Парламентарно собрание на Процесот за соработка во ЈИЕ. Документите консензуално беа усвоени денеска на конференцијата на претседатели на парламентите на ПСЈИЕ што се одржа во Охрид. „Седиштето на секретаријатот и буџетот на собранието ќе бидат дефинирани за време на романското претседателство со Процесот на соработка“, изјави на прес конференцијата претседателот на македонското собрание Трајко Вељаноски. На конференцијата на која учествуваа претставници на парламентите на Бугарија, Романија, Србија, Турција, Словенија и Босна и Херцеговина беа усвоени Заедничка изјава на учесниците и Финална декларација.
XS
SM
MD
LG