Достапни линкови

Русија поставува ограда на територијата на Грузија


Грузија

Грузија

Грузиската министерка за надворешни работи Маја Панџикидѕе денеска изрази загриженост од тоа што руски војници поставуваат ограда од бодликава жица на границата со отцепениот регион Јужна Осетија. Според извештаите на грузиските медиуми, оградата се поставувала на неколку стотици метри во внатрешноста на територијата на Грузија. Министерката изјави дека ова прашање ќе го постави на претстојните разговори за грузиските отцепени региони што во текот на оваа недела ќе се одржат во Женева. Официјална Москва пред пет години им ја призна независноста на Јужна Осетија и Абхазија.
XS
SM
MD
LG