Достапни линкови

Приведени девет лица за откривање идентитет на заштитен сведок


Полицијата изутрината приведе девет лица, меѓу кои и поранешен судија, адвокат и новинар, во врска со откривање идентитет на заштитен сведок во случајот на убиство во велешкото село Ореше. По петгодишен судски спор, Судот во Велес на 29 март годинава поради немање докази ги ослободи браќата Ордан и Лупчо Ѓоргиевски, како и Ѓоре Петровски, од обвинението за платено убиството на 74-годишниот Лазар Милошевски од Ореше. Велешкиот суд претходно на двапати ги осуди браќата Ѓоргиевски на 12 години затвор, а Апелацискиот суд од Скопје, поради недостаток на докази, го враќаше случајот на повторно разгледување. Поради обвинение дека го нарачал и платил убиството од Флорида, во Македонија беше екстадиран првообвинетиот Ѓоре Петровски. Судскиот процес го измени текот откако заштитетниот сведок ја измени претходно дадената изјава дека браќата се извршители на убиството.
XS
SM
MD
LG