Достапни линкови

Путин во посета на Киргистан


Претседателот на Русија Владимир Путин пристигна во главниот град на Киргистан,Бишек каде ќе присуствува на неформалниот состанок на Колективно Безбедносната Организација( ЦСТО). Официјални претставници на Киргистан соопштија дека на маргините на Самитот Путин треба да има одвоени билатерални средби со претседателот на Киргистан Алмазбек Атамбаев и претседателот на Таџикистан Емомали Рахмон. На Самитот треба да се дискутира за развојот на ситуацијата во Авганистан додека силите предводени од САД се подготвуават да се повлечат во 2014. Во ЦСТО членуваат Русија Киргистан,Казахстан,Таџикистан,Белорусија и Ерменија
XS
SM
MD
LG