Достапни линкови

Лустрирани уште неколкумина екс функционери


Комисијата за верификација на фактите денеска лустрираше поранешен министер за внатрешни работи од времето на плурализмот. Поранешниот министер и актуелен универзитетски професор, во деведесетите, кога раководел со полициските служби, со свој потпис, наредувал следење на политички неистомисленици, изјави за МИА портпаролот на Комисијата Предраг Димитровски.

Второто лице кое е лустрирано е поранешен носител на јавна функција, кој е прогласен за наредбодател, соработник и информатор.
- До средината на 80-тите години работел во службата, по што ја напуштил и потоа извршувал повеќе јавни функции меѓу другото бил и директор на Битолскиот градски весник и претседател на Матица на иселениците, а сега е актуелен професор на еден од приватните универзитети, рече портпаролот на Комисијата за лустрација.

Третото лице што е прогласено за извор, односно соработник информатор, како што рече Димитровски, е поранешен носител на јавни функции.
- Тој бил претседател на Градски комитет на Сојуз на комунисти и член на Централен комитет на партијата, делегат во поранешните собори на Собранието на РМ.
На седницата, како што истакна, за останатите шест лица, сите поранешни вработени во некогашните тајни служби се усвоени извештаите и е констатирано дека тие биле наредбодатели или информатори откако ги напуштиле нивните редови.

Само за едно лице кое се најде на денешниот дневен ред на седницата била доенесена одлука дека не бил соработник на тајните служби.
XS
SM
MD
LG