Достапни линкови

Дали ЕУ ќе ги снабдува со оружје сиријските бунтовници?


Министрите за надворешни работи на Европската Унија, денеска во Брисел расправаат за можно доставување оружје за сиријските бунтовници. Велика Британија и Франција се обидуваат да ги убедат останатите земји членки на ЕУ да го корегираат веќе постоечкото ембарго за извоз на оружје во Сирија, со амандман со кој ќе биде овозможено да им биде испорачувано оружје на бунтовниците кои се борат против режимот на Асад. Бритснакиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг оцени дека вооружувањето на сиријските бунтовници ќе го принуди режимот на Асад да ги прифати мировните преговори.
XS
SM
MD
LG