Достапни линкови

Министерствата ги кријат законите од невладините


Илустрација.
Илустрација.

Министерствата и невладините не соработуваат добро при подготовка на закони, покажува анализата на МЦМС. Дел од невладините велат дека законите се носат во затворени кругови и граѓанскиот сектор не може да влијае на нивна измена иако во системот постојат механизми за тоа.

Со единица е оценето министертвото за транспорт и врски во последната анализа на Македонскиот центар за меѓусебна соработка по прашањето за отвореноста на државните институции кој невладините организации во подготовката на предлог законите. Во анализата биле разгледувни сите министертва и поголеми државни институции кои во изминавата година поднеле или учествувале во изготвување на некаков закон.
Тука има осмислено многу начини за граѓанско учество во самиот процес, но сите тие се изигруваат, се фингираат, не се спроведуваат. Јавната дебата во најчест број случаи трае многу кратко, нема време луѓето да реагираат, да осмислат, дури ни експертските групи и здруженијата не успеваат да реагираат.
Александар Цветковски, Агтис.

Институциите во просек добија стабилна тројка за учеството на граѓанскиот сектор во создавањето на правни акти. За отвореноста на министерствата и вклучувањето на граѓанското општество најслабо оценети со двојка се министертвата за внатрешни работи, за надворешни работи како и министертвото за економија.

Дел од невладините организации велат дека законите во земјава се носат во затворени кругови и граѓанскиот сектор не може да влијае на нивна измена иако во системот постојат механизми за тоа.
Александар Цветкоски, претседател на НВО АГТИС.
Александар Цветкоски, претседател на НВО АГТИС.

Претседателот на невладината организацијата Агтис од Прилеп, Александар Цветковски вели дека од 2004 година до сега реагирале за десетина закони, како законот за судовите, за јавни обвинители, за територијално разграничување на општините, за инспекциски надзор како и законот за даночна постапка, но сето тоа било за џабе затоа што тие закони се скроени во многу тесен круг.
Многу мал е бројот на случаи кога граѓанските организации се директно и реално вклучени во подготовка на закони. Ние пред повеќе од 2 години инициравме подготвување и донесување на закон, тоа беше Законот за млади. Понатаму не сакам да зборувам зошто тој Закон за млади не беше донесен и зошто е повлечен од владина процедура.
Зоран Илоски, коалицијата на невладини младински организации „Сега“.

„Се знае каква е гласачката машина во Парламентот и тоа не е променето веќе со години. Нема свест воопшто ни кај пратениците дека еден закон можа да украде повеќе од сите крадци заедно, дека еден закон може да наруши ситуација како што е законот за судовите од 1995 година кој компетно ги уништи судовите и не фрли, така да кажам, во една скапа авантура.“

Тој додава дека јавна дебата се организира за закони кои се однесуваат на маргинализрани теми, но кога станува збор закон кој задира во политичката моќ тогаш тој се носи во скратена постапка и затворени кругови.
Зоран Илиоски, извршен директор на Коалицијата на младинските организации СЕГА.
Зоран Илиоски, извршен директор на Коалицијата на младинските организации СЕГА.

„Тука има осмислено многу начини за граѓанско учество во самиот процес, но сите тие се изигруваат, се фингираат, не се спроведуваат. Јавната дебата во најчест број случаи трае многу кратко, нема време луѓето да реагираат, да осмислат, дури ни експертските групи и здруженијата не успеваат да реагираат. После тоа тие фингираат јавно учество, значи, имаат свои организации кои секогаш се појавуваат и се сложуваат скоро секогаш со нивните предлози на закони. Ние имаме многу негативни искуства во процесот на носење закони особено ако се работи за судство, ако се работи за финансиската сфера, казнената политика, значи пеналната политика целата се носи во затворени кругови. Целта се знае каква е, тоа е моќта и заплашување на граѓаните.“

Директорот на коалицијата на невладини младински организации „Сега“, Зоран Илоски вели дека во Македонија многу е ниско нивото на консултација на граѓанскиот сектор во креирањето на предлог законите.

„Многу мал е бројот на случаи кога граѓанските организации се директно и реално вклучени во подготовка на закони. Ние пред повеќе од 2 години инициравме подготвување и донесување на закон, тоа беше Законот за млади. Понатаму не сакам да зборувам зошто тој Закон за млади не беше донесен и зошто е повлечен од владина процедура, но како постапка ја укажува можноста, односно реалната ситуација во која граѓанските организации можат тоа да го прават.“

Тој додава дека една од причините поради која министертвата не ги консултираат е меѓусебна недоверба.

„Кога станува збор за ваквите процеси, најголем дел од министерствата или владините институции ја немаат потполно довербата во граѓанските организации дека можат да дадат значителен придонес во подготовката на закони. Можеби тоа е основната причина поради која тие не ги консултираат профилираните организации за темите за кои тие имаат свои искуства и експертиза.“

Кога станува збор за отвореноста на министертвата во процесот на подготовка на закони и нивни измени како и за консулатции со граѓанскиот сектор според анализата на МЦМС оцената во просек е 2.

Според податоците добиени од истражувањето само две министерсва, едното за труд и социјална политика, а другото за информатичко општество овозможуваат заинтересираната јавностост да се регистрира во регистер за добивање информации за предлози за законски измени. Министерствата во основа ги исполнуваат критериумите за комуникација со граѓанскиот сектор но според дел е колку таа комуникација е суштинска и придонесува за вклучување на граѓанскиот сектор во создавањето на законите.

Кога станува збор за финасиската поддршка на граѓанскиот сектор, половина од министервата имаат средства за финасирање на проекти на граѓански организаци но ниедно од нив нема предвидено пари за стручна подршка и учество на граѓанскиот сектор во изготвувањето на правните акти .
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG