Достапни линкови

Во Охрид собир на претседателите на парламентите од ЈИЕ


Трајко Вељаноски

Трајко Вељаноски

„Во време на продолжена економска криза, парламентите од Југоисточна Европа треба да имаат поактивна улога во процесот на економските реформи“. Ова го изјави претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, на отворањето на 10. Конференција на претседателите на парламентите на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Според него, само силен и почитуван парламент може реално да ја врши контролната функција врз владата и во таа смисла да има реални и ефикасни економски и севкупни реформи. На конференцијата присуствуваат претставници на параламентите на Бугарија, Романија, Србија, Турција, Словенија и Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG