Достапни линкови

logo-print

Членови на „Златна зора“ направиле инцидент во Њујорк


Четворица членови на грчката неофашистичка партија „Златна зора“ упаднале на филмска проекција во Њујорк и со мегафон се обиделе да ја спречат дискусијата по прикажувањето на филмот. Инцидентот се случил во изминатиов викенд во културниот центар Статакион за време на проекцијата на историско дукументарниот филм „Грчко американски радикали: нераскажана приказна“, јави МИА од Атина. Организаторите на настанот веднаш интервенирале и насилниците биле исфрлени од центарот.
XS
SM
MD
LG