Достапни линкови

logo-print

Стартува екстерното тестирање, кој ќе бојкотира нема да добие свидетелство


Основците и средношколците кои денеска нема да се појават на тестирањето ќе останат без свидетелства, порачаа од Државниот испитен центар. Денеска стартува првото екстерно тестирање чија цел е да се провери колку наставниците се објективни во вреднувањето на знаењата на учениците. Околу 200.000 основци и средношколци електронски ќе одговораат на тестови по два предмета, а опфатени се 15.000 наставници.
„За сите оние кои имаат лекарско оправдување за отсуството, ќе има уште две сесии, на крајот на јуни и на средината на август. Онаму каде дететето нема да има оправдано отсуство ќе има казни, една од нив е тоа што нема да добие свидетелство. За останатите одлучува Министерството за образование и наука“, изјави за Телма Емилија Угриновска, од Државниот испитен центар.
Ученици во еден клас или одделение може да бидат тестирани по различни предмети. Изземени од електронско тестирање се матурантите зашто ќе полaгаат државна матура (на 8-ми и на 11 јуни) и учениците од прво, второ и трето одделение кои се оценуваат описно. Оценките кои ученикот ќе ги добие по двата предмета од екстерното тестирање ќе бидат впишани во свидетелството и ќе влијаат на неговиот вкупен успех.
На социјалните мрежи е објавено видео на ученици кои повикуваат на масовен протест поради тестирањето.
XS
SM
MD
LG