Достапни линкови

logo-print

Светските сили се подготвуваат за преговори со сириската влада


Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се очекува да се сретнат денеска во Париз каде ќе разговараат за сириската мировна конференција која треба да се оддржи во Женева.
Сирскиот министер за наворешни работи Валид Ал Моалем вчера изјави дека сириската влада е подготвена да присуствува на меѓународните разговори.
За сега останува нејасно дали на таа конференција ќе учествува и сириската опозиција. Таа се уште е поделена околу некои прашања, а неодамна ја отфрли можноста да седне на иста преговарачка маса со сирискиот претседател Башар Ал Асад. Прашањето за учеството на Иран во преговорите се уште останува без одговор, со оглед на тоа што Франција е против тоа. Ситуацијата дополнително е ископлицирана со податокот дека либиските припадници на Хезболах јавно соопштија дека се борат во Сирија на владината страна.
Министрите за надворешни работи од ЕУ денеска ќе се состанат да дискутираат за ембаргото кон Сирија за оружје.
XS
SM
MD
LG