Достапни линкови

logo-print

Обама ја посети Оклахома


Американскиот претседател Барак Обама денеска го посети местото во Оклахома кое беше погодено од Торнадо минатата недела, при што загинаа најмалку 24 луѓе од кои десетина деца, а 337 луѓе беа повредени. Торнадото остави зад себе материјална штета во вредност од стотици милиони долари. Обама изјави дека уништувањето кое го предизвика торнадото е „ тешко да се разбере“ и вети долгорочна помош од власта за реконструкција на областа. Последиците од торнадото ги чуствуваат околу 33 илјади луѓе а без своите домови останаа 12 илјади семејства.
XS
SM
MD
LG