Достапни линкови

Златна палма за „Синото е најтопла боја“


Канскиот филски фестивал заврши. „Синото е најтопла боја“ на туниско-францускиот режисер Абделатиф Кешиш ја освои престижната награда „Златна палма“ на 66. Кански филмски фестивал. Жири комисијата на чело со Стивен Спилберг ја оцени со највисоки оценки тричасовната љубовна драма за две лезбејки на Кешиш, во која играат Леа Сејду и 19-годишната Адел Егзархопулос. Ова е првпат по 13 години француски филм да победи во Кан, од 2000 кога победи Класс на Лоран Канте. Наградата за најдобра актерка ја доби Беренисе Бежо за улогата во филмот „Минатото“ режиран од иранскиот директор Ашгар Фаргати, а најдобар актер е Брус Дерн за „Небраска“ на американскиот автор Александар Пејн.
XS
SM
MD
LG