Достапни линкови

logo-print

Кери со план за ревитализирање на палестинската економија


Американскиот државен секретар Џон Кери вчера изјави дека меѓународниот план во вредност од 4 милијарди долари ќе и помогне на палестинската економија да се развие. Кери во својот говор на Светскиот економски форум кој се оддржуваше во Јордан истакна дека планот за помош може да придонесе за економски раст и да ја намали стапката на невработени за речиси две третини. Тој додаде дека иако се во потрага по инвестиции од 4 милијарди долари кои би влегле во изградба на туризам, се зависи од паралениот мировен прогрес меѓу изралеците и палестинците.
Во изминатиов периот Кери соработуваше со поранешниот британски премиер Тони Блер и свтекси познати бизнисмени со кои развија економски план за ревитализирање на палестинската економија.
XS
SM
MD
LG