Достапни линкови

Задолжително снимање операции, казна за хирургот што нема да вклучи камера


Од 15 сеп­тем­ври, бол­ни­ци­те ќе мо­ра­ат да ги сни­ма­ат хи­рур­шки­те ин­тер­вен­ции и да ги ар­хи­ви­ра­ат сним­ки­те, сог­лас­но со пра­ви­ла­та што ги под­гот­ви Ми­нис­терс­тво­то за здрав­ство. Сни­ма­ње­то на си­те опе­ра­ции е пред­ви­де­но со За­ко­нот за ме­ди­цин­ски сту­дии. Mи­нис­те­рот за здрав­ство Ни­ко­ла То­до­ров на прес конференција изјави дека дел од клиниките ќе треба да набават „ситна“ опрема потреба за да се сни­ма са­мо еден по­мал дел од от­во­ре­на­та хи­рур­ги­ја ко­га се ра­бо­ти за но­ви, не­во­о­би­ча­е­ни слу­чаи и ме­то­ди. Тој додаде дека сни­ма­ње­то на хи­рур­шки­те за­фа­ти ќе обез­бе­ди и до­ка­зи во слу­чаи ко­га има гла­со­ви де­ка е нап­ра­ве­на ле­кар­ска греш­ка.
За сни­ма­ње на ин­тер­вен­ци­и­те од от­во­ре­на­та хи­рур­ги­ја, бол­ни­ци­те ќе тре­ба да на­ба­ват и ка­ме­ра, што хи­рур­гот ќе ја но­си на гла­ва или ќе се при­ка­чу­ва на реф­лек­то­рот над ма­са­та за опе­ра­ци­ја.
Пред­ви­де­ни се каз­ни и за ди­рек­то­рот на ус­та­но­ва­та кој не­ма да овоз­мо­жи сни­ма­ње на ин­тер­вен­ци­и­те и за здравс­тве­ни­от ра­бот­ник кој не са­ка да сни­ми опе­ра­ци­ја. Кри­вич­но де­ло ќе се сме­та и зло­у­пот­ре­ба на сни­ме­ни­от ма­те­ри­јал, до кој прис­тап ќе има­ат са­мо над­леж­ни­те ор­га­ни.
XS
SM
MD
LG