Достапни линкови

Хоџај загрижен за односите меѓу Македонија и Косово


Прослава по повод 100 годишнината од албанската независност

Прослава по повод 100 годишнината од албанската независност

Сметаме дека одредени изјави од Косово се упатени на сосема погрешна адреса, велат од кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов по изјавата на шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај дека Македонија се однесува на антиевропки начин, бидејќи косовската претседателка Атифете Јахјага не добила покана за Самитот ПСЈИЕ што ќе се одржи на први јуни во Охрид.

Хоџај изјавил дека и покрај неговите инистирања и контактите со неговиот колега Поповски покана не била испратена. Ова претставува една реална загриженост за односите меѓу Косово и Македонија, тоа е факт против духот за регионалната соработка и е антиевропско однесување на Македонија кон Косово, изјавил Хоџај. Тој смета ова е неприфатливо и најави дека ќе ги информира сите земји членки на ЕУ за потегот. Агенцијата Косовапресс пренесува дека косовскиот премиер Хашим Тачи и порачал на Македонија да ги надмине предрасудите од минатото за Албанците во регионот.

„Покана за учество до претседателот на Косово не е испратена бидејќи согласно основачките акти и досегашната практика, Македонија не може без согласност од другите да поканува, особено кога ни е ставено на знаење дека со таков чекор, некои од земјите членки би го откажале учеството“ стои во одговорот од кабинетот на Претседателот Иванов.
XS
SM
MD
LG