Достапни линкови

logo-print

Албанскиот премиер бара вонредна седница на Парламентот


Албанскиот премиер Сали Бериша побара од Парламентот да одржи вонредна седница на која би биле донесени трите клучни закони кои ги бара Брисел од земјата, јавува новинската агенција МИА.

Во писмото упатено до Парламентот премиерот бара Парламентот да одржи вонредна седница на 30 мај за да се изгласаат трите закони кои се услов за добивање кандидатски статус од ЕУ, како и законот за фискална амнестија.

За изгласување на трите закони кои Брисел ги бара од Албанија, потребно е двотретинско мнозинство, кое владејачкото мнозинство не може да го обезбеди. Доколку овој рок кој го бара Бериша не се испочитува, поради изборите, нивното изгласување ќе остане за новиот состав на албанскиот парламент.
XS
SM
MD
LG