Достапни линкови

Уапсени тројца осомничени за убиството на британскиот војник


Британската полиција уапси уште три лица, за кои се верува дека се поврзани со заверата за убиство на британскиот војник Ли Ригби. Војникот кој во 2009 години служел во Авганистан во составот на НАТО и кој има двогодишен син, во средата, среде ден, на улица со мачета го убија две момчиња, кои на насобраните поминувачи им рекле дека тоа го прават како чин на одмазда поради военото учество на Лондон во муслиманските земји.
Во меѓувреме Премиерот Дејвид Камерон апелираше на мир, а на улиците на Лондон испратени се дополнителни 1.200 полицајци.
XS
SM
MD
LG