Достапни линкови

Дамаск ќе учествува на женевската конференција


Сириски бунтовници

Сириски бунтовници

Дамаск начелно се согласува да учествува на предложената меѓународна конференција во Женева следниот месец со цел окончување на двегодишниот граѓански конфликт. Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Миалем за време на средбата со неговиот ирачки колега во Багдад изјави дека „ конференцијата ќе биде добра можност за решавање на сириската криза“. Посетата доаѓа на само еден ден откако Багдад лансираше безбедносна операција во западниот дел на Ирак насочена кон регионот каде што милитанти кои се борат против Асад имаат засолниште.
Ирак јавно до сега не го подржал сирискиот претседател Башар ал Асад но западните земји го обвинуваат Багдад дека преќутно дозволува ирански летови над ирачка територија со чија помош Дамаск се снабдува со воена опрема.
XS
SM
MD
LG