Достапни линкови

Косово не доби покана за Самитот во Охрид


Косово нема да учествува на претстојниот Самит ПСЈИЕ во Охрид, велат од кабинетот на Претседателот на Република Македонија .
„ Покана за учество до претседателот на Косово не е испратена бидејќи не е пречка само една земја која се спротивстави на желбата на Македонија да го покани Косово како гостин. Согласно основачките акти и досегашната практика, Република Македонија не може без согласност од другите да поканува, особено кога ни е ставено на знаење дека со таков чекор, некои од земјите членки би го откажале учеството“ , велат од претседателскиот кабинет и додаваат дека Република Македонија останува на принципот на инклузивност во регионалната соработка и се надева дека штом се создадат услови и Косово ќе се приклучи на оваа регионална соработка.
Претседателот Иванов уште од 2009 година заедно со албанскиот и црногорскиот претседател ја создадоа квадрилатералната соработка со единствена цел Косово да се вклучи во регионалните иницијативи и соработка. Од тогаш, се одржаа самити на претседателско ниво во Валона, Призрен, Охрид и во Будва, додека за септември во Саранда е предвиден следниот состанок во овој формат.
XS
SM
MD
LG