Достапни линкови

Техеран бара Западот да не се меша во изборот на лидер на Иран


Поранешниот ирански министер за надворешни работи Али Акбар Салехи ги критикуваше САД и Франција за нивните коментари околу кандидатите за претседателските избори кои треба да се одржат на јуни годинава. Тој изјави дека претставниците на западните земји не треба да даваат „ неоправдани коментари“ затоа што тоа е мешање во внатрешните работи на Иран. На 21 мај Иранскиот совет одобри само 8 од 686 пријавените кандидати кои сакаа да учествуваат на изборите. Вториот мандатот на Махмуд Ахмадинеџад истекува и тој нема право повторно да се кандидира.
Неодамна американскиот државен секретар Џон Кери го критикуваше Иран „ за недостаток на транспарентност “ во процесот на проверката на кандидатите додека пак портпаролот на францускиот министер за надворешни работи Филип Лелиот ги повика иранските власти да го остават народот да избере свој лидер.
XS
SM
MD
LG