Достапни линкови

Црна Гора со нов концепт за соработка во Западен Балкан


Црногорската Влада, иницираше нов концепт на регионална соработка меѓу земјите од Западен Балкан, јавуваат црногорските медиуми. Станува збор за иницијатива, која предвидува соработка во подрачјата важни за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните и единствена политика за прашањата од заеднички интерес, како што е ублажување на негативниот учинок на кризата, стабилност на регионалниот пазар, заеднички настап на трети пазари, енергетика, интегрираран пристап до фондови за сообраќајници од регионално значење, што би било прецизирано со посебен договор.
Во неа треба да бидат вклучени Црна Гора, Македонија, Србија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина. Подгоричките медиуми јавуваат дека шефот на дипломатијата Игор Лукшиќ неодамна во Брисел оваа иницијатива му ја претставил на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој ја поддржал идејата за групирање по углед на другите регионални модели на соработка во Европа.
XS
SM
MD
LG